147438808424976

Наводна грешка во прилагодувањето на DNS серверите во Северна Кореа, доведува до откривање на листата на регистрирани домејни во оваа земја. Листата ја има откриено Мет Брајант, безбедносен инженер, кој потоа го објавува откритието на GitHub, како и на Motherboard.

Она што е интересно од ова откритие, но не веруваме дека има изненадено некого, е многу малиот број на регистрирани домејни, односно веб страни, а таа бројка изнесува 28. Тоа значи дека корисниците во Северна Кореа имаат избор од „дури“ 28 веб страни кои се направени во нивната земја, на нивниот јазик.

Кога ќе се земе во предвид многу малиот број на интернет корисници во земјата, бројката на веб страни не е воопшто чудна.

Многу се мали информациите во главно за тоа што се случува во оваа изолирана земја, водена од страна на како што се верува диктатор. Иако тоа не може баш лесно да се провери, нели, сепак достапните информации доволно говорат за лошата состојба на земјата.

Инаку, од листата на регистрирани домејни може да се видат такви кои асоцираат на социјална мрежа, пребарувач, новости, рецепти и слично.

1474388103940686

Тие коишто имаат успеано да пристапат до некои од веб страните истакнуваат дека се со многу застарен дизајн. Голем дел од страните не може да бидат отворени, а се верува дека голем дел од причината за тоа е големиот сообраќај за кои не се спремни по откривањето на листата.

Извор: Motherboard, The Verge, The Washington Post

Фото: Motherboard

Претходна статијаYouTube Heroes – програма за помош од заедницата и нејзино наградување
Следна статијаNike ќе почне да ги продава патиките кои сами се врзуваат од 28-ми ноември
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.