Outlook-out-of-preview-5b-1024x576

Outlook.com webmail сервисот од Microsoft од оваа недела добива целосно нов и унапреден изглед, како и нови функции коишто треба да го подобрат корисничкото искуство.

Овој сервис, којшто веќе беше редизајниран по преименувањето во Outlook.com од познатиот Hotmail беше во таканаречена тест, односно preview верзија, што значи од Microsoft работеа на развојот и се очекуваше одредена значајна промена.

Промените коишто се најавени оваа недела се дел од финалната верзија од сервисот, што значи дека preview периодот е завршен, а корисниците може да очекуваат да ги видат промените во неделите што следат.

Главната промена во сервисот, на којашто се базираат и повеќе од останатите, е позадинската платформа на којашто тој работи. Outlook.com сега целосно е префрлен на Office 365 платформата, па корисници добиваат одредени можности досега достапни само на бизнис корисниците.

Како прво нешто што ќе се забележи кога ќе се отвори Outlook.com се разбира е корисничкиот интерфејс. Истиот е освежен и дополнително прилагоден за да ги смести новите функции. Корисниците исто така добиваат избор од дополнителни теми коишто овозможуваат промена на боите на страната.

Outlook-out-of-preview-1b-1024x576

Потоа, работата со прикачена содржина, а посебно документи е значително подобрена. Корисниците ќе можат да ги отвораат и менуваат Word, Excel и PowetPoint документите коишто им се испратени директно во Outlook.com. Исто така, прикачувањето на документите може да оди директно од OneDrive, Box и Dropbox, со што се трга потребата од симнување на саканиот фајл, па негово прикачување во пораката.

Подобрено ќе биде генералното работење со сервисот. Достапни ќе бидат нов начин на одговарање на пораките без отворање на нова страна, прикажувани ќе бидат најчесто контактираните луѓе за нивно полесно додавање при креирање на нова порака и повеќе.

Една исто така навистина интересна новост е можност за споменување на контакти во самата порака со @, по што тие автоматски ќе бидат додадени во листата на контакти на коишто им се испраќа пораката.

Outlook.com добива можност за додатоци коишто ќе можат да ја прошират работата без потреба од отворање на посебни страни. Некои од додатоците коишто сега беа најавени се Wunderlist, PayPal, Uber, а тука е и Skype којшто сега работи многу подобро.

Можеби и најдобар начин да ги видите новините во Outlook.com пред да ви станат достапни е преку следното видео.

Со овие промени, Outlook.com станува понапреден email клиент и од достапните апликации за овој сервис од Microsoft. Она што се очекува е да сепак постепено повеќето од можностите бидат достапни и за овие апликации коишто се достапни на сите платформи.

Извор: Office Blog, The Verge, PCWorld

Претходна статијаGoogle, WhatsApp и Microsoft со поддршка за Apple против судската одлука
Следна статијаSamsung Exynos 7870 чипот донесува транзистори со големина од 14 nm во средната класа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.