448188-skype

Уште кога Microsoft го купи Skype за 8.5 милијарди долари, целта беше целосна интеграција и замена на моменталните решенија за инстантни пораки, аудио и видео повици со директна интеграција на Skype.

Lync, платформата за бизнис корисници која практично има иста функција како Skype сега полека престанува со работа поради тоа што е заменета со Skype. Замената се очекува да заврши до крајот на Мај, и исто ќе важи и за Lync Online. За бизнис корисниците Skype for Business ќе биде решението кое ќе го бараат, со оглед на тоа што Lync „оди во пензија“.

Skype for Business нема да биде ограничен само за вашата организација, напротив ќе можете да комуницирате со корисници во и надвор од мрежата на вашата организација (навидум исто како обичниот Skype со бонус дел за бизнис корисници).

Администраторите на Lync Online за вашиот бизнис можат да одлучат кога да се префрли Lync интерфејсот во Skype интерфејс, така вашиот бизнис ќе има простор за навикнување и лесна транзиција.

Ова и практично се очекуваше, со оглед на тоа што Skype веќе ќе биде директно интегриран во Windows 10, а веќе е интегриран во Outlook.

Добро е што Microsoft пробува да ја зголеми out of the box функционалноста на оперативниот систем и онлајн сервисите бидејќи покрај добриот дизајн, баш таа функционалност ги држи конкурентите во живот.

Извор: PCMag

Претходна статијаP8 е новиот челичен смартфон на Huawei
Следна статијаUbuntu паметниот телефон сега трајно достапен за купување