instagram-logo

Во денешно време скоро и да нема некој од познатите и масовно користени сервиси кој не нуди можност за дополнителна заштита преку дво-факторска автентикација. Поради тоа може и да се каже дека од Instagram до некаде каснат, па нивниот огромен број на корисници, меѓу кои и доста познати личности, беа оставени само на сложеноста на нивната лозинка.

За потсетување, дво-факторската автентикација овозможува дополнителен слој на заштита на онлајн сметките преку барање да се внесе дополнителен код при најавување, покрај стандардното внесување на корисничкото име и лозинка. Кодот се добива преку посебна апликација или SMS порака, а е секогаш различен и мора да се внесе при секое повторно најавување.

Instagram се’ уште официјално ја нема претставено оваа нова можност, меѓутоа ја има потврдено за два познати американски портали за технологија. Истата веќе одреден период е тестирана, а корисниците постепено може да ја очекуваат во периодот што следи.

Начинот на којшто ќе работи дво-факторската автентикација на Instagram е преку верификување на мобилниот телефон, се разбира доколку корисникот би сакал да ја користи. Потоа, при секое најавување на сметката, односно секогаш кога ќе треба да се внесе лозинката, по нејзиното внесување ќе биде испратена SMS порака на телефонскиот број со код.

Извор: The Verge, TechCrunch, Android Central

Претходна статијаLenovo за MWC спрема нов алуминиумски смартфон со ниска цена
Следна статијаHuawei го најави Matebook – таблет/лаптоп конкурент на Surface и iPad Pro
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.