Можноста за „стриминг“ обично беше користена од страна на брендовите, медиумите и слични корисници на друштвените мрежи, меѓутоа оваа функција сега е толку широко достапна што секој може истото да го направи.
Instagram како една од најмногу популарните мрежи, а посебно во последно време, веќе одреден период овозможува пренесување на видео во живо со кое корисниците пренесуваат одредени настани на кои се наоѓаат.
Апликацијата за Android и iOS отсега ќе им дозволи на корисниците да побараат да се приклучат на преносот во живо од видеото кое го гледаат, па и тие да бидат дел од тој пренос. Оваа можност е достапна на мрежата веќе одреден период, а новината овозможува и самите корисници да побараат да бидат дел од преносот.
Можностите кои ги нуди оваа функција се интересни, а посебно на запад каде познатите личности се прилично активни на друштвените мрежи со огромен број на „верни“ следбеници.