01_blog_post_line

YouTube, најпознатиот видео сервис во светот, веќе подолг период се обидува да ја добие оваа титула и во областа на игрите, односно видеата за игри. Најпознат сервис во оваа област моментално е Twitch, но тоа не значи дека играчите не го користат и YouTube.

По неуспешниот обид да го купи Twitch, Google продолжува да развива решение во сопствените редови. Резултат на тоа е претставувањето на YouTube Gaming, нова специјализирана веб страна и апликација за Android.

YouTube Gaming како што би очекувале е сервис наменет за корисниците заинтересирани специјално за видеа поврзани со игрите. На него може да се најдат канали од издавачите на игри, како и од познатите YouTube креатори кои што објавуваат сопствени видеа.

Корисниците на YouTube Gaming ќе можат да гледаат видеа за игри, стриминзи во живо, а повеќето наслови на игри ќе имаат свој посебен канал преку кој што ќе може многу лесно да се најде саканата содржина.

YTG Family

Од Google исто така најавуваат дека корисниците ќе можат полесно да ги започнуваат стриминзите во живо користејќи еден линк за кој што ќе го менуваат само насловот и објаснувањето на видеото. До сега секој стриминг требаше посебно да се закаже и започне, а за истото да се испрати нов линк до гледачите.

YouTube Gaming треба да претставува сериозна конкуренција на Twitch кои што иако и досега во конкуренција со YouTube, немаа ваков вид на специјализиран сервис да ги привлече гледачите.

Сервисот ќе започне од ова лето во САД и Британија, што значи ќе треба да се почека додека останатите корисници од светот ќе можат да почнат да го користат.

Извор: YouTube

Претходна статијаXbox One сега ќе има хард диск од 1 TB и нов џојстик
Следна статијаХакиран популарниот сервис за лозинки LastPass
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.