chrome-logo

Оваа интересна можност која што додава на развојот на Chrome како цела платформа, а не само обичен интернет прелистувач, за првпат стана достапна во бета верзиите од прелистувачот. Со најновата верзија, односно Chrome 42 која што стана достапна за сите корисници минатата недела, корисниците добиваат можност да добиваат нотификации од веб страните, дури и кога прелистувачот е затворен.

Оваа нова функција е достапна на сите платформи на кои што е достапен Chrome, односно на Windows, Linux, OS X и Android, како и на Chrome OS.

Функцијата е достапна преку претставувањето на две нови API алатки наречени Push API и Notifications API. Овие алатки овозможуваат програмерите да ги поврзат своите веб страни директно со системот за нотификации на оперативниот систем и тие да се прикажуваат како од било која друга апликација.

За почеток нема многу веб страни кои што веќе имаат овозможено поддршка за оваа нова функција, а исто така ќе треба време да истата биде достапна за сите корисници во светот.

Корисниците ќе имаат можност да изберат дали сакаат да добиваат нотификации од одредена веб страна, што значи дека нема одеднаш да добивате несакани нотификации од страните кои што најчесто ги посетувате.

Ваквата функција може да се покаже и како доста корисна кај послабите уреди на кои што инсталирањето на повеќе апликации ја забавува неговата работа, па корисниците за одредени работи нема да мора да ги инсталираат апликациите чија што предност често е можноста за добивање на нотификации.

Извор: VentureBeat, GreenBot

Претходна статијаПронајден мозок без природните набори на сивата кора
Следна статијаМарихуана – растение кое полека влегува во легалниот свет
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.