messenger-photo-magic

Photo Magic е наречена новата функција која што Facebook ја тестира како дел од Messenger, моментално само за корисниците во Австралија. Оваа нова функција ќе биде наменета да ви помогне во споделувањето на големиот број на слики кои што ги вклучуваат вашите пријатели, а седат заборавени во папката од камерата на вашиот мобилен уред.

За да ја постигне својата цел, Photo Magic функцијата ја користи технологијата за препознавање на лица. При првото вклучување, Photo Magic ќе изврши скенирање на вашите слики, по што сите слики на кои што ќе биде пронајден некој од вашите Facebook пријатели, ќе можете да ги испратите на тој пријател со еден клик. Доколку има слики со повеќе пријатели, истите ќе биде испратени на сите пријатели во групна порака.

facebook-photo-magic2

За да ја користите функцијата ќе треба истата да ја вклучите, односно истата нема да мора да се користи од сите корисници. Тоа е добро поради грижите за приватност кои што се секогаш присутни со ваквите технологии, па голем број на корисници нема да сакаат Facebook дополнително да им ги скенира нивните слики, односно и тие кои што сепак не решиле да ги споделат на социјалната мрежа.

Photo Magic моментално е во фаза на тестирање во Австралија, па се чека постепено пуштање за корисниците од остатокот од светот во месеците што следат. Како и што се очекува, оваа нова функција ќе биде достапна за корисниците на Messenger на iOS и Android.

Извор: The Verge, TechRadar, TechCrunch

Претходна статијаСпам папката во Gmail станува дел од пребарувањата за пораки
Следна статијаTAG Heuer го презентира „TAG Heuer Connected” часовникот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.