Целосно електричниот камион влекач, од компанијата која ги направи електричните автомобили популарни, конечно ќе биде произведен и доставен на компанија која ќе го користи во својата работа.

Tesla Semi Truck беше најавен пред 5 години, односно при крајот на 2017 година. Уште тогаш Pepsi најави дека планира да купи 100 камиони, па сега конечно тие ќе почнат да ја добиваат оваа нарачка.

Почетокот на производството го најави лично Елон Маск преку Twitter, од каде најави и дека на 1. декември ќе им бидат доставени на Pepsi. Не е само јасно дали ќе им бидат доставени сите 100 камиони, но не е ни важно, тоа што е важно е што Semi Truck официјално ќе биде виден на патиштата.

Инаку, се очекува дека Tesla Semi ќе може да помине околу 800 километри со целосно наполнети батерии, а нивното полнење до 70% се најавува дека би траело само 30 минути. Јасно е дека за едно вакво возило доста е важно добро развиена мрежа на полначи, а уште поважно брзи полначи.

Маск во најавата исто така ја истакна километражата од 800 километри, а додаде и дека камионот е супер забавен за возење.

Забрзувањето на Tesla Semi од 0 – 100 километри на час се постигнува за 20 секунди кога е целосно натоварен и се најавува дека ќе може да го одржува нивото на возење карактеристично за автопатиштата дури и на патишта со наклон.

Претходна статијаMicrosoft објави основни принципи за развој на „виџети“ за Windows 11
Следна статијаПрограмерите можат да почнат да тестираат нивни „виџети“ во Windows 11
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments