По објавата на основните принципи за правење на „виџети“ за програмерите, Microsoft официјално и им овозможи на програмерите да почнат да ги тестираат нивните виџети.
Оваа можност на програмерите им е достапна во најновата тест верзија од Windows Insider програмата во Dev каналот, поточно во верзијата 25217 која е достапна од оваа недела.
Ова значи дека програмерите ќе можат да почнат да ја користат WinAppSDK 1.2 preview 2 алатката за да почнат да ги прават нивните виџети, но за почеток тие ќе можат да ги тестираат само локално, односно на нивниот компјутер.
Корисниците, без разлика во кој канал на Windows 11 се моментално, уште не можат да инсталираат виџети од трети страни, но со оглед на тоа што од компанијата ги најавија за до крајот на годината, барем тест верзиите од Windows 11 сигурно ќе ги добијат.
Достапноста на виџети од што повеќе апликации ќе го направи овој дел од Windows 11 навистина корисен, без разлика дали се работи за обичните корисниците кои би проверувале што се случува на Instagram, на пример или понапредните корисници кои би ги проверувале ресурсите на нивниот компјутер.