Internet-Explorer-9-logo

Статистиките за користењето на интернет прелистувачи оваа година ќе станат многу поедноставни за споредба. Покрај другите, листите ќе имаат само 2 прелистувачи од Microsoft, односно Internet Explorer 11 и Edge.

Почнувајќи од идниот вторник, односно од 12-ти јануари, Microsoft ќе престане да ги поддржува постарите верзии од Internet Explorer со што ќе остане само најновата 11-та верзија. Оваа верзија е достапна за сите моментално поддржани верзии од Windows, што значи нема да има корисници кои што би имале поголем проблем со оваа новост.

Се разбира, корисници се’ уште има и на постарите верзии од оперативниот систем на кои што не може да биде инсталиран Internet Explorer 11, па овој потег може да се гледа и како уште еден начин на мотивација од страна на Microsoft за „тврдокорните“ корисници на Windows XP и слични.

Од идниот вторник, Internet Explorer верзиите 8, 9 и 10 ќе престанат да добиваат безбедносни и техничка поддршка од страна на Microsoft. Тоа значи дека овие верзии ќе станат отворени за потенцијални идни безбедносни злоупотреби. Појавата на малициозен софтвер кој што ќе може да искористи одредени дупки во софтверот, ќе стане посериозен проблем од сега кога истите се закрпуваат за кратко време.

Исто така, постарите верзии од IE, не се компатибилни со новите веб технологии кои што се развиваат, па корисниците нема да можат да имаат баш најдобро корисничко искуство, покрај со нивните компаниски апликации.

По завршувањето на поддршката, корисниците кои што се’ уште го немаат инсталирано IE 11 ќе почнат да добиваат известувања да го направат истото. Корисниците кои што сепак не сакаат да го инсталираат овој прелистувач, ќе може да ги исклучат известувањата преку регистарот, а постапката е објаснета на оваа страна на компанијата.

Инаку, Microsoft со тек на време се надева дека повеќето корисници ќе почнат да го користат нивниот најнов Microsoft Edge прелистувач. Тој е направен според најновите стандарди, а не ги поддржува постарите поради што и останува поддршката за IE 11.

Edge се очекува да стане посериозна конкуренција на останатите прелистувачи, односно Chrome, Firefox и другите, со воведувањето на поддршката за додатоци која што се очекува во наредниот период. Исто така, новиот прелистувач се очекува да ги подобрува перформансите и достапните можности за прилагодување.

Извор: Microsoft, TNW, PCWorld

Претходна статијаSamsung Galaxy TabPro S – Тенок, лесен и конвертибилен Windows 10 таблет
Следна статијаИнтел носи неверојатни искуства на Consumer Electronics Show
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.