In this photo released by Intel Corporation, Brian Krzanich, Intel's Chief Executive Officer, shows how Intel is helping gamers personalize their experiences. Krzanich, who made this demonstration during his keynote presentation at the 2016 International CES (Consumer Electronics Show) on Tuesday, January 5, 2016 in Las Vegas, used a tablet enabled by Intel’s RealSense™ Technology and Uraniom software to scan himself in 3D and then import the render to customize his in-game character in Fallout 4. CES is one of the world’s largest gathering places for all who thrive on consumer technologies and will run from January 5-9, 2016 in Las Vegas. (Photo by Intel Corporation/Bob Riha, Jr.)

Интел корпорацијата вчера ја демонстрираше огромната моќ на технологијата за испорачување на нови и неверојатни искуства низ секојдневниот живот. Од дигитализацијата на спортот, напредокот кај здравјето и благосостојбата, поттикнување на човечката креативност преку музика, уметност, роботика и иновација, компанијата најави бројни соработки, производи и иновативни технологии кои го прават неверојатното возможно.

Трансформирање на начинот на кој луѓето тренираат, гледаат и се натпреваруваат во спортовите, извршниот директор на Интел Брајан Крзанич најави серија на возбудливи соработки со водечките брендови во индустријата, кои ќе ја користат технологијата и анализите за податоци за да има бенефит целокупното здравје, фитнес и атлетските перформанси на луѓето. Интел најави дека планира соработки со ESPN* и Red Bull Media House* за дизајнирање на решенија базирани на технологија на Интел кои ќе ги подобрат перформансите на спортистите и ќе донесат неверојатни искуства за гледање, како и заедничките соработки со New Balance* и Oakley* за персонализирање и унапредување на алатките кои ги користат луѓето за да бидат поактивни.

Како што технологијата на Интел продолжува да ги инспирира луѓето да создаваат и истражуваат, Крзанич објави повеќегодишно партнерство со The Recording Academy® како дел од својот официјален “Next Generation of GRAMMY® Moments” да се донесат технолошките иновации на програмата за луѓето да можат да ги видат, да бидат дел од нив и да се вчудоневидат од еволуцијата на технологијата во музиката. Првиот артист што ќе соработува со Интел за креирање на уникатно музичко искуство – ќе биде шесткратниот добитник на GRAMMY®- глобалната музичка икона Lady Gaga.

Овие соработки подвлекуваат три трендови за кои Крзанич рече дека ја обликуваат иднината: „смарт“ и поврзан свет, технологии што стекнуваат сетила слични на човечките, компјутерите стануваат ултра-персонални.

„Постои рапидно растечка улога за технологијата што е во еден момент трансформативна, нова и пристапна,“ рече Крзанич. Со луѓе кои избираат искуства над производи повеќе од било кога досега, технологијата на Интел е катализатор за правење на неверојатни нови искуства, и во крајна линија подобрување на светот во кој живееме.“

Тој исто така нагласи дека Интел останува фокусиран на решавање на големите општествени предизвици со кои се соочува индустријата на технологија и предвиде планови за смели, нови подвизи за анти-онлајн малтретирање со Vox Media*, Re/code* и Born This Way* фондацијата на Lady Gaga за промоција на разноликост и инклузија. Тој потврди дека Интел се движи подалеку од само микропроцесори за да ја постигне својата цел на поширока база на производи кои се “conflict-free” во 2016**.

„Кога Интел почна да работи за решавање на конфликтните минерали и празнини кај диверзитетот и инклузијата, ни беше кажано од страна на многу луѓе дека нашите цели беа нереални и невозможни за остварување,“ рече Крзанич. „Нашите заеднички напори покажаа дека можеме да влијаеме на сосема нови и различни начини на водење на бизнис, кој, исто така, го подобрува човечкото искуство.“

Подолу се дадени повеќе детали од најавите изнесени за време на воведниот дел на Интел на CES® 2016:

Дигитализирање на спортските искуства:

  • Интел најави соработка со ESPN да ја покажат најновата технологија која ќе донесе нови нивоа на анализа на податоци и преглед во подвизите на атлетицизмот на X Games Aspen 2016. Малиот уред со ниска потрошувачка на енергија Intel® Curie™ модулот ќе биде интегриран кај Men’s Snowboard Slopestyle и Men’s Snowboard Big Air натпреварите за да обезбеди податоци во реално време за ротации, висина на скок, далечина, брзина и сила на слетување. Овој пристап до нови податоци ќе им овозможи на спортистите поголем увид во нивната работа, дополнителни параметри за аналитичарите и промена на искуствата кај гледачите од трибините или од своите домови. Натпреварите ќе се пренесуваат на ESPN и ABC***.
  • Интел и Red Bull Media House најавија глобално партнерство што ќе се прошири на повеќе жанрови и платформи. Техничкиот директор на Red Bull Media House Андреас Гал му се придружи на Крзанич на сцената за да демонстрираат како спортистите и гледачите ќе добиваат информации за перформансите моментално со помош на Intel Curie технологијата, со ветување за повеќе вакви објави во 2016 и понатака.
  • Интел работи со Replay Technologies* за испорачување на комплетно нови гледачки искуства за спортските фанови во преносите, на стадионот и во домот. Користејќи ја Replay’s freeD™ технологијата оптимизирана на Интел платформи, спортските фанови ќе можат да прегледаат клучни моменти од спортските настани од скоро секој можен агол и да споделат креиран клип со светот. FreeD ја искористува предноста на 6th Generation Intel® Core™ процесори и Intel серверска технологија оптимизирана за испорачување на ова огромно забавно искуство.

Менување на околината на здравјето и добросостојбата:

  • Intel и New Balance објавија стратешка соработка за развивање на „wearable“ технологии што ги поврзуваат атлетите со технологијата за подобрување на нивните атлетски перформанси како дел од новоформираната Digital Sport дивизија на New Balance. Крзанич и извршниот директор на New Balancе, Роб ДеМартини, носеа патики за трчање со 3-Д принтани делови овозможени од Intel® RealSense™ технологии и открија планови за развивање на „смарт“ спортски часовник достапен за празничната сезона 2016.
  • Oakley и Intel го прегледаа “Radar Pace” – „смарт“ очила со гласовни команди и тренер систем во реално време. Oakley е прв од Luxottica Group* брендот со кој Интел соработува за изработка на премиум, луксузни и спортски очила со „смарт“ технологија. Произведени со иновации од Интел и направени со високиот квалитет на материјалите и дизајнот на Oakley, овие „смарт“ очила се дизајнирани за да им овозможат на тркачите, велосипедистите и вежбачите ентузијасти со моментален фидбек со аналитика, помагајќи им да ги следат прогресот и да ги подобрат перформансите во реално време.

Поттикнување на креативноста:

  • Шесткратната добитничка на GRAMMY® награди, глобалната музичка икона Lady Gaga денес ја објави својата прва соработка со Интел, како дополнување на објавата на Интел за повеќегодишното партнерство со The Recording Academy® како дел од официјалниот “Next Generation of GRAMMY®  Moments” програм што ќе биде лансиран за време на Grammy неделата во фебруари Lady Gaga коментираше: „Интел ја вброи „Haus of Gaga“ во заедничка соработка на проект кој ќе ја демонстрира технологијата преку креативност на највисоко ниво. Партнерството кулминира со соработка која го инспирира и потсетува светот на иновација.“ Lady Gaga нема да изведува нов материјал како дел од програмата, таа ветува дека ова искуство нема да биде заборавено.

MGM Television Group*, претседателот Марк Бурнет му се придружија на Крзанич на сцената да објават краток преглед на иновациите што ги претвораат нивните идеи во реалност – од подобрување на здрвајтето до комуницирање на нови начини кои ја тестираат нашата имагинација – нови серии, America’s Greatest Makers. Премиерно оваа пролет на TBS*, America’s Greatest Makers е дел од голема иницијатива која вклучува објави на CNN.com*, Bleacher Report* и други Turner* дигитални брендови. Tие исто така го лансираат Digital Hub на www.americasgreatestmakers.com, со акцент на пронаоѓачи, нови иновации и туторијали од областа на технологијата, како и уникатен, неделен програм.

  • Интеловото лидерство за интеграција на сетила налик на човечките во технологијата продолжува да зема замав: од леталата без посада, Крзанич го демонстрираше Yuneec* Typhoon H* со Intel RealSense технологија, која овозможува избегнување на судари и ќе биде достапен во првата половина на 2016. Кај роботиката, тој претстави Segway* персонален транспортер од Ninebot* што може да се трансформира во робот. Отворената платформа ја користи новата Intel RealSense ZR300 камера за да навигира во комплексни околини и да има интелигентна интеракција со корисниците и сензорите во домот, поддржана од Intel Atom™ процесор. Segway планира да го направи роботот комерцијално достапен со опција за девелопер кит во втората половина од оваа година.

Подобрување на човечкото искуство:

  • Крзанич истакна планови за новиот подвиг за анти-онлајн малтретирање со Vox Media*, Re/code* и Born This Way фондацијата. Иницијативата ќе биде објавена на 7-ми јануари и ќе го направат нашиот „смарт“, поврзан свет побезбедно и поинклузивно место.
  • Ревизии од трети страни и директна проверка од страна на организацијата за снабдување на Интел синџирот ќе потврди дека пошироката база на продукти на компанијата, повеќе од само микропроцесори, се „conflict free.” Одржување на отчетноста на синџирот е тековен процес за Интел.
Претходна статијаЗавршува поддршката за Internet Explorer 8, 9 и 10
Следна статијаNetflix стана достапен во целиот свет – Што треба да знаете за овој сервис