Фото: Shutterstock.com

По проблеми и блокирање на апликацијата, сега Truth Social, друштвената мрежа на Доналд Трамп, повторно е достапна на Android преку Play Store. Апликацијата прво беше блокирана поради непридржување до правилата на Play Store, поточно поради наводно недоволно модерирање на содржината која се објавува од страна на корисниците.

Ова е интересна забелешка за мрежа која е започната поради обвинувањата дека другите мрежи претеруваат со, кратко кажано цензура на се што тие го сметаат за неточно. Truth Social треба да биде мрежа на која секој ќе може да каже што сака.

Сепак и за тоа има граници, па од мрежата се имаат сложено да ги прифатат правилата на Play Store кои според информациите бараат модерирање на објавите, како на пример тие кои повикуваат на насилство.

Колку ќе успее да се пробие оваа мрежа на Доналд Трамп не може да се процени баш сега, во главно поради проблемите кои ги имаат, а и купувањето на Twitter од страна на Елон Маск кој би требало да го донесе ваквите вредности назад на таа мрежа.

Според некои најави, Маск е можно да ја тргне забраната за профилот на Доналд Трамп, по што тој би можел да се врати на некогаш неговата омилена мрежа, односно начин на комуникација со јавноста.

Инаку, Truth Socia беше пуштена во февруари оваа година на iOS и само за корисниците во САД. Достапноста во целиот свет уште останува нешто што се чека.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаWindows 11 со „лебдечки таскбар“ користеше Сатја Надела за време на презентација
Следна статијаMicrosoft го заменува Office брендот со Microsoft 365
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.