browser-illustration

Project Maelstrom е интернет прелистувач кој навидум изгледа како Google Chrome, но разликата е „под хаубата“. Бидејќи е развиен од страна на BitTorrent Inc. овој прелистувач користи peer-to-peer технологија слична како таа во торент клиентите.

Во пракса, веб сајтовите се наоѓаат на еден или неколку сервери кои често не се способни да се справат со повеќе побарувања во исто време, затоа Project Maelstrom дозволува сајтовите да бидат спакувани слично како торенти и да се движат преку домашните компјутери со цел да се забрза пристапот до содржината.

Добрата страна на овој прелистувач е тоа што функцонира на двете страни, работи сосема нормално со обични веб страници, но може да работи и со peer-to-peer веб страници кои не би функционирале на обичен прелистувач.

Во петокот, Project Maelstrom е официјално пуштен во јавноста како бета верзија и корисниците на Windows платформата можат да го пробаат. Од BitTorrent Inc. е објавено дека се работи на верзија за Mac. За жал корисниците на Linux ќе треба да почекаат подолго бидејќи моментано не се работи на верзија за Linux.

Ваков пристап кон интернет сурфањето може да создаде големи промени, со тоа што интернет страниците нема веќе да бидат на еден или неколку сервери, туку ќе се движат преку безброј домашни компјутер, па цензурата ќе биде тешка за спроведување.

Извори: PCWorld, ZDNet, BitTorrent

Претходна статијаApple ја најави WWDC 2015 конференцијата – Ќе се одржи од 8-12 Јуни
Следна статијаAbztract Games – Македонски гејминг YouTube канал