Internet Explorer е веќе доволно стар прелистувач кој не добива ни безбедносна поддршка. Чудно е воопшто да се замисли дека уште има корисници кои не се откажуваат од прелистувачот, а не мора да се префрлат на Edge, тука се Chrome, Firefox и многу други.

Сепак, објаснувањето обично е во тоа дека одредени компании работат со постари корпорациски апликации кои се направени да функционираат само преку Internet Explorer, а тука се и постари корисници кои тешко ги менуваат навиките.

Microsoft веќе најави дека нивните сервиси полека нема да функционираат доколку се отворени со Internet Explorer, а сега тие одат и чекор подалеку во обидот да ги „избркаат“ и последните корисници на овој стар и некомпатибилен со страните интернет прелистувач.

Веќе во тест фаза за дел од корисниците од Microsoft Edge 84, почнувајќи од Edge 87, односно од идниот месец, повеќе од 1000 веб страни, поточно сега таа листа има 1.156 веб страни, нема да може да се отворат со Internet Explorer, а на корисниците автоматски ќе им бидат отворени со Microsoft Edge.

Покрај отворањето на страната со Microsoft Edge, на корисниците ќе им биде отворена и дополнителна страна на која стои објаснување дека страната која се обидуваат да ја отворат не работи со Internet Explorer.

Во основа Microsoft вклучува додаток за Internet Explorer во Microsoft Edge кој кога ќе се впише или кликне на некоја веб страна, се проверува дали е дел од списокот, по што се пренасочува корисникот на Edge.

Оваа одлука на Microsoft како и секогаш е дочекана со критики и се нарекува дека од компанијата ги присилуваат корисниците да го користат Edge.

Треба да се истакне дека доколку корисниците користат друг прелистувач, вакво нешто нема да се случува.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2ZDNet
Претходна статијаДали Samsung планира да почне да не вклучува полнач во кутијата кај телефоните од идната година?
Следна статијаAMD ги претстави графичките од Radeon RX 6000 серијата направени во новата RDNA 2 архитектура
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.