Повторно излегуваат неофицијални информации кои кажуваат дека Samsung најверојатно ќе го следи примерот на Apple и во наредната генерација од Galaxy S серијата нема да вклучи полнач и слушалки.

Овие информации веќе ги има неколку пати оваа година, па прво се покажаа како точни за Apple, по што изгледа на ред е Samsung.

Тоа што сепак става знак прашалник за овие информации е фактот дека Samsung веднаш излезе со шега на сметка на Apple поради нивната одлука да престанат да вклучуваат полнач кај новите iPhone 12 телефони.

Не е баш сигурно дали од Samsung би се шегувале со својот конкурент за нешто што тие планираат да го направат на ист начин за само неколку месеци.

Дел од информациите па говорат дека Samsung сепак ќе го задржи полначот во кутијата, а ќе престанат да вклучуваат слушалки. Ова има многу повеќе логика и е нешто што на корисниците нема да има направи разлика, барем на голема.

Apple својата одлука ја правда со тоа дека се грижат за околината и огромниот електронски отпад кој се создава. Исто така, тие истакнуваат дека корисниците веќе имаат дома полначи, па не им се потребни, но дали е тоа баш така. Кабелот кој е вклучен со новите iPhone 12 телефони се приклучува во USB-C влез на полначот, нешто што од Apple од лани кај дел од моделите почнаа да го користат како практика. Корисниците исто така кога го менуваат својот телефон, често го продаваат постојниот, а тоа го прават со се полначот, кој сака да купи телефон без полнач.

Доста критики добиваат веќе Applе за оваа одлука, а веќе има предвидувања дека тие целосно ќе го тргнат влезот за полнење и во иднина ќе се користи новата MagSafe функција.

ИЗВОРCnet
ИЗВОР 2SamMobile
Претходна статијаМакпетрол соопштение во врска со најновата одлука на РКЕ за определување на ескалираната густина и деескалираната густина на секој нафтен дериват
Следна статијаПовеќе од 1000 веб страни веќе нема да може да се отвораат со Internet Explorer, a корисниците автоматски ќе бидат префрлени на Edge
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.