Официјално може да се каже дека AMD се вратија на пазарот и донесоа повеќе од сериозна конкуренција. Покрај тоа што им овозможија на корисниците избор на процесори за компјутерите и Intel ќе мора да се помачи да се врати во игра, сега и Nvidia се соочува со можност за губење на дел од своите долгогодишни корисници.

На претставувањето на Ryzen 5000 серијата на почетокот од овој месец, AMD најави дека до крајот на месецот ќе ја претстави и својата нова серија на графички картички направена со новата RDNA 2 архитектура, графички кои ќе им конкурираат директно на новите RTX 3000 од Nvidia.

Од тоа што можеше да се види на претставувањето на RX 6000 графичките, AMD има конкурент за секоја од картичките на Nvidia, а според карактеристиките и цените, корисниците може често да се одлучат за оваа алтернатива.

RX 6000 серијата е составена од 3 картички, исто како новата RTX 300 серија на Nvidia. AMD Radeon RX 6000 серијата ги донесува Radeon RX 6800, RX 6800 XT и RX 6900 XT. Овие три картички соодветно им конкурираат на GeForce RTX 3070, RTX 3080 и RTX 3090.

Кога ќе се разгледаат карактеристиките на картичките може да се види дека AMD ќе претставува вистинска конкуренција на Nvidia. Во одредени областа и кај одредени модели, тие може ќе бидат и подобри, во некои ситуации не, додека не почнат тестовите, нема точно да знаеме. Едно е сигурно, разликата помеѓу овие два конкуренти е веќе многу тесна, па корисниците може да се одлучуваат и врз основа на цената.

Тука AMD се реши за одреден предност, па моделот кој од Nvidia го сметаат како главен и дека ќе биде најпродаван, RTX 3080, ќе се продава по цена од 700 долари, додека AMD ќе ја продава Radeon RX 6800 XT за цена од 649 долари.

Тестирањата на AMD покажуваат дека нивните картички ги надминуваат тие на Nvidia, па останува да видиме како навистина ќе се покажат на независните тестирања.

Главната „битка“ изгледа на крајот ќе биде кај најсилниот модел, Radeon RX 6900 XT кој сепак вака има нешто послаби карактеристики од GeForce RTX 3090, но ќе видиме како овие картички ќе се покажат на гејминг машините, а посебно поради разликата во цената од околу 500 долари во корист на AMD.

Претставувањето на Radeon RX 6000 серијата можете да го погледнете во продолжение.

ИЗВОРPCWorld
Претходна статијаПовеќе од 1000 веб страни веќе нема да може да се отвораат со Internet Explorer, a корисниците автоматски ќе бидат префрлени на Edge
Следна статијаКрајот на Flash доаѓа пред време на Windows 10 со надградба која го отстранува од системот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.