Shutterstock.com

Крајот на веќе старата и небезбедна веб технологија Flash, конечно доаѓа на крајот од оваа година. Flash донесе голем напредок во веб дизајнот, но уште поважно во веб апликациите, но со тек на време беше надминат со нови технологии кои се побезбедни, а исто така овозможуваат повеќе функции со помалку ресурси.

Microsoft се реши да на корисниците им овозможи целосно да го отстранат Flash Player од нивниот Windows 10 компјутер, а тие најверојатно и не ни знаат дека воопшто го имаат овој додаток кој е автоматски исклучен кај повеќето интернет прелистувачи. Тоа ги остава само дел од компаниите кои уште функционираат со оваа технологија, а тие имаат и неколку можности како да продолжат да ја користат.

Со оглед на тоа што надградбата која го отстранува Flash Player целосно од Windows 10 нема автоматски да им биде инсталирана на корисниците до идната година, тие што сакаат тоа сега да го направат можат да ја симнат надградбата од оваа страна.

Microsoft истакнува дека по инсталацијата на надградбата, таа не може да биде избришана, односно да биде вратен Flash Player, а досега не се забележани некакви проблеми со системот по нејзината инсталација.

Сепак, поради некоја причина, надградбата не е достапна за сите уреди, па при обидот за инсталација, истата може да биде одбиена.

ИЗВОРZDNet
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаAMD ги претстави графичките од Radeon RX 6000 серијата направени во новата RDNA 2 архитектура
Следна статијаРСБСП: Засилените сообраќајни контроли се нужни за поголема безбедност во сообраќајот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.