Таканаречениот нов Microsoft Edge кој од компанијата решија да го развиваат на отворениот Chromium код, наместо со нивната технологија, стана официјално достапен во финална верзија за сите корисници од 15-ти јануари оваа година.

Од тогаш, сите заинтересирани можат да го симнат Edge од страната на Microsoft, по што тој прелистувач ќе ја замени старата верзија, преземајќи ги омилените страни и одредени прилагодувања.

За тие кои што го немаат до сега тоа направено, Microsoft Edge автоматски ќе биде инсталиран, односно надграден, преку Windows Update. Надградбата ќе биде постепено пуштана за сите корисници на Windows 10 1803 верзијата, па до најновата.

По овој процес, веќе не е можно инсталирање на старата верзија која веќе и не се развива, а не гледаме ни причина зошто некој тоа би сакал да го направи.

Microsoft Edge направен на Chromium е компатибилен со повеќето страни, а тоа е поради големата популарност на Chrome, па програмерите во главно развиваат со овој прелистувач во преден план.

Исто така, корисниците можат да ги инсталираат сите достапни додатоци од Chrome Web Store продавницата, па веќе Edge нема проблем со недостаток на додатоци.

Доколку не ви се чека на Windows Update, а сепак сакате да го пробате новиот Edge, финалната верзија можете да ја симнете преку овој линк.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2MSPU
Претходна статијаИзвршната одлука на Трамп за друштвените мрежи ја доби првата тужба
Следна статијаGalaxy Note20 можно е да дојде со трета Ultra верзија исто како Galaxy S20
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.