Samsung минатата година претстави два уреди од Note серијата, што веќе таа бројка и стана како еден вид на минимум кај највисоката класа. По одреден период на пауза, па повторно претставување на Lite верзии од S, но и Note серијата, Samsung оваа година веднаш претстави три различни модели од S20 серијата, па сега има најави дека истото го планира и кај Note серијата.

Иако не беше официјално, досега се сметаше за сигурно дека ова лето ќе ги видиме претставувањата на Galaxy Note20 и Galaxy Note20+, но според веб страната на Bluetooth Special Interest Group, Samsung изгледа спрема уште еден модел за кој се верува дека може да биде наречен Galaxy Note20 Ultra.

Иако ваквите листинзи се сметаат за прилично добар показател за тоа што може да се очекува, сепак оваа информација ќе остане да биде потврдена со уште неколку нови во периодот што следи.

Сепак, кога ќе се разгледа пазарот изминатите години, воопшто не е чудно да се очекува дека и Note серијата оваа година ќе добие веднаш три нови модели. Со тоа Samsung ќе може да им понуди телефон на корисниците кои сепак ќе сакаат нешто помалку да платат, а ќе можат и да ја презентираат нивната најнова технологија кај најскапиот модел, оставајќи го средниот за верните фанови на Note серијата.  

ИЗВОРPhoneDog
Претходна статијаНовиот Microsoft Edge ќе им биде инсталиран на сите корисници преку Windows Update
Следна статијаПовторно тридневен полициски час во делови од државата за продолжениот викенд кој следува
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.