Shutterstock.com

По одлуката на Twitter да почне да ги означува објавите на нивната мрежа кои сметаат дека не се точни, истото по одреден период од компанијата решија да го прават и за објавите на Доналд Трамп. По ознаката на првите твитови од Трамп, а подоцна има и целосно тргнат, претседателот на САД донесе извршна одлука со која се ограничува правото на заштита на мрежите од тужби за објавите кои ги прават трети лица на нивната платформа.

При објавата на одлуката и самиот Трамп најави дека истата ќе им доста правни пречки и дека очекува тужби, па еве ја и првата. Тужбата е поднесена во Окружниот суд на САД за Округот Колумбија, а подносител на истата е Центарот за Демократија и Технологија (CDT).

Во тужбата од центарот тврдат дека се нарушува правото на слободно изразување, односно се прекршува познатиот Прв Амандман од уставот на САД. Нарушувањето е поради тоа што им се скратува правото на компаниите да на својата платформа одлучуваат што ќе биде објавено.

Тие исто така додаваат дека одлуката е донесена како притисок и одмазда од страна на Трамп поради одлуката на Twitter и дека истото може да се искористи како начин на вршење притисок од страна на властите во иднина спрема нивните противници.

Друштвените мрежи моментално се заштитени со Членот 230 од одреден закон, со кој никој не може да ги тужи за објава од трета страна на нивната платформа. Со други зборови мрежите не може да одговараат за нешто што некој го има објавено на нивната мрежа. Со одлуката на Трамп, се ограничува оваа заштита за мрежите кои вршат проверка на содржината која се објавува, со објаснување дека тие мрежи веќе не се отворени платформи кои немаат одговорност за објавите.

ИЗВОРCnet
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаНова и несекојдневна атлетска трка HalkEco Хронометар 10KM
Следна статијаНовиот Microsoft Edge ќе им биде инсталиран на сите корисници преку Windows Update
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.