Microsoft Teams сервисот како што е познато е достапен за бизнис корисниците со повеќе функции, но и за приватните корисници во бесплатна форма со нешто помалку функции. Поради тоа, Teams моментално има две верзии од апликациите, па за активните корисници ова може да претставува мал проблем.

Од компанијата добро е што конечно се сетија, па до крајот на годината ќе ја унифицираат понудата во една апликација која ќе функционира со три видови на сметки, односно со бизнис, образовни и приватни сметки.

Новата апликација е претставена со најавата на најновата тест верзија од Windows 11, поточно верзијата 26080 во Canary и Dev каналите од Windows Insider програмата. Новините од оваа верзија, заедно со новата Microsoft Teams апликација ќе им станат достапни на корисниците со Windows 11 24H2 верзијата подоцна во годината.

Со тек на време целосно ќе биде тргната вградената верзија од Teams за приватните корисници од Windows 11, па ќе биде достапно само новата унифицирана апликација.

Како што би се очекувало, апликацијата ќе може да функционира во исто време со повеќе сметки, а корисниците ќе можат дури да отворат во исто време, преку посебни прозори, бизнис и приватна верзија од апликацијата. Во тој случај, апликацијата ќе може да се вклучува и преку посебни икони.

Што се однесува до функциите кои им се достапни на корисниците, тие остануваат истите кои редовно се надоградуваат и претставуваат нови.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаИскористете ја промоцијата на Samsung и со секој купен Galaxy A55 5G или A35 5G добијте Galaxy Buds FE слушалки бесплатно
Следна статијаProton Mail десктоп апликацијата излезе од бета и им стана достапна на сите корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.