Proton Mail сервисот, познат по шифрирањето на пораките и приватноста на корисниците, официјално ја пушти својата десктоп апликација која беше најавена во бета форма минатата година.

Апликацијата изгледа скоро исто како веб верзијата од сервисот, па од тоа што можев да видам најверојатно се работи за апликацијата направена на основа на веб технологиите.

Истата ги има истите можности како на веб, што значи корисниците добиваат исто корисничко искуство како и досега, со предноста на отворање посебна апликација, наместо „таб“ во прелистувачот.

Од Proton ова го истакнуваат и како безбедноста предност, а додатоците на прелистувачите ги истакнуваат како потенцијален ризик.

Дополнително тие ја истакнуваат приватноста на апликацијата и сервисот генерално, а посебно во споредба со новата Outlook за која имаа посебна објава на почетокот од годината.

Апликацијата покрај пристап до имејл пораките, има вградено и пристап до календарот кој е уште еден сервис од компанијата. Корисниците можат да го отворат календарот од страна за брз преглед или целосно за подетална работа.

Proton Mail десктоп апликацијата е достапна на Windows и macOS, а пуштена е и бета верзија за Linux.

По 14 дневниот пробен период, апликација ќе можат да ја користат само претплатниците на сервисот, кој покрај имејл и календар има и шифриран онлајн простор за податоци, како и менаџер на лозинки.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Proton
Претходна статијаMicrosoft Teams до крајот на годината ќе има само една унифицирана верзија
Следна статија„Приказна се чита“ на Саем на книга 2024
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.