Samsung оваа недела ги претстави Galaxy A55 5G и Galaxy A35 5G кои како главна новина ја донесуваат подобрата безбедност помогната од Samsung Knox. Оваа класа на уреди од Samsung е веќе доста позната и популарна кај корисниците кои не ги купуваат телефонот од највисоката класа.

„Со серијата Galaxy A ги претставуваме нашите најнови технологии на поширока публика, за повеќе луѓе да имаат придобивки од истите“, рече Т.М. Рох, претседател и раководител на Mobile eXperience Business во Samsung Electronics. „Возбудени сме што ќе отвориме уште повеќе можности за серијата Galaxy A оваа година, вклучувајќи ја и платформата Samsung Knox Трезор за прв пат во оваа линија. Горди сме што им овозможуваме на корисниците на серијата Galaxy A безбедно и сигурно да уживаат во извонредните мобилни искуства“.

Како што тоа редовно го прават од компанијата, корисниците кои ќе направат преднарачка на овие два уреди, можат да добијат поклон, во овој случај Galaxy Buds FE слушалки. Промотивниот период започнува од денес, па треа се до 20 март.

Затоа, нарачајте Galaxy A35 5G (6+128GB, 8+256GB) или Galaxy A55 5G (8+128GB, 8+256GB) во претпродажба од 14.3. до 20.3.2024 г. и како подарок добивате одлични слушалки Galaxy Buds FE во графитна боја, вредни 6.499 МКД.

Повеќе информации за промоцијата можете да најдете тука.

Претходна статијаSpotify сега има и музички спотови за дел од достапната музика
Следна статијаMicrosoft Teams до крајот на годината ќе има само една унифицирана верзија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.