keybiard-for-excel-android-1

Microsoft изминатата година покажа дека има нов стил на работа кој што е во рамките на модерното време во кое што работат. Фактот што нивниот оперативен систем веќе не е најмногу користениот во светот само ја зголемува потребата од прилагодување на политиката, а од компанијата покажаа дека конечно тоа го разбираат и го прават како што треба.

Во овој момент може да се каже дека од Microsoft повеќе работат на развивање на софтверски решенија за конкурентните платформи, меѓутоа тоа се разбира не значи дека ги напуштаат нивните. Баш напротив, присутноста на компанијата кај најмногу користените платформи долгорочно ќе придонесе кон ценење на брендот и користење на Windows.

По претставувањето на Office апликациите за Android таблетите, оваа недела од компанијата претставија посебна тастатура, поточно софтверска тастатура, специјално наменета за работа во Excel. Истата е развиена од страна на делот во компанијата наречен Microsoft Garage и е во фаза на развој.

keybiard-for-excel-android-3

Она што ја прави оваа тастатура погодна за користење со Excel апликацијата е олеснување на пристапот до бројките, нешто што е главната работа при работа со оваа Office апликација. Исто како на поголемите десктоп тастатури, Keyboard for Excel овозможува пристап до бројките од десната страна. Со тоа се овозможува да нема потреба од притискање подолго за избор на бројките или менување на приказот на тастатурата.

Исто така, оваа тастатура ги прикажува во преден план знаците кои што најчесто се користат во Excel, што повторно придонесува за многу побрза работа. Покрај тоа, на тастатурата се достапни Tab и Enter копчиња кои што се наменети да се користат за менување на ќелиите без потреба од директно притискање на нив.

Извор: Microsoft

Претходна статијаToyota го претстави производствениот погон на првиот автомобил на водород, Mirai
Следна статијаPayPal ја прекина работата со Mega на Kim Dotcom
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.