word-android

Microsoft почна да претставува посебни Office апликации за другите платформи од минатата година. Тоа е дел од стратегијата на Satya Nadella кој што сервисите од компанијата сака да бидат достапни на сите популарни платформи, односно да не бидат ексклузивно ограничени само на нивните.

Резултат на оваа политика беа три посебни Office апликации, односно Word, Excel и PowerPoint кои што прво станаа достапни за корисниците на некој од iPad уредите. Иако со големо задоцнување, апликациите брзо станаа едни од најпопуларните во App Store. Подоцна Microsoft овозможи бесплатно користење на апликациите и за измена на фајлови, а потребата од Office 365 претплата остана за одредени функции кои што се сметаат за понапредни.

Претставени беа овие посебни три апликации и за корисниците на iPhone, а верзиите за Android влегоа во тест фаза, па корисниците можеа да се регистрираат доколку сакаат да ги пробаат. Во меѓувреме од Microsoft истакнуваат дека ги имаат земено во предвид предлозите и критиките од корисниците, по што бета верзијата стана достапна за сите корисници без потреба од регистрирање.

Од денеска, Word, Excel и PowerPoint за Android Tablet се достапни за сите корисници во финална верзија. Тоа значи дека сите корисници на Android уред од 7 инчи, па нагоре, ќе можат да ги инсталираат преку Play Store. Иако најновата верзија од оперативниот систем, Lollipop, не е официјално поддржана, сепак апликациите функционираат.

Исто како и на iOS, апликациите можат да се користат бесплатно, но потребна е Microsoft сметка за најавување, а потребна е Office 365 претплата за користење на понапредните функции. Прегледувањето на документи, како и нивно креирање и работа со нив, се достапни за сите корисници. Во првите месец дена корисниците добиваат пробен период со сите функции вклучени.

Апликациите можете да ги симнете преку следните линкови.

Microsoft Word for Android Tablet

Microsoft Excel for Android Tablet

Microsoft PowerPoint for Android Tablet

Претходна статијаНеколку идеи за модерни старт-ап бизниси во РМ – дел 2
Следна статијаSamsung и Apple во борба за првото место на производител на паметни телефони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.