Messenger апликацијата добива нов систем за побрзо извршување на одредени функции кои треба да го забрзаат користењето, односно да овозможат нови начини за комуникација на корисниците.

За почеток се воведуваат две функции кои се користат преку кратенките, а тоа се „@everyone“ и „/silent“. Со користењето на овие кратенки, кои се достапни преку Messenger на iOS и Android, се овозможува известување на сите корисници во групниот разговор, односно се испраќа порака без другата страна или страни да добијат известување.

Од Meta истакнуваат дека @everyone кратенката е одлична за ситуации кога учесниците во групниот разговор треба да бидат потсетени за нешто, а корисниците можат да бидат сигурни дека сите ќе го добијат известувањето.

Спротивно на ова, /silent кратенката е замислена да се користи кога не мора сите веднаш да ја видат пораката, а посебно кога истата се испраќа во незгодно време. Со користењето на оваа кратенка пораката ќе биде испратена, но корисниците нема да добијат известување, па истата ќе ја видат кога ќе ја отворат Messenger апликацијата.

За нешто подоцна се најавува додавање и на дополнителни кратенки, како на пример кратенката /gif, која прво ќе стане достапна за корисниците на iOS. Како што може да се претпостави од самата кратенка, со истата ќе може доста побрзо да се дојде до делот за избор на gif сликите кои се доста популарни во комуникацијата.

ИЗВОРMeta
Претходна статијаHuawei рангиран на 3-то место како највреден бренд за електроника и апарати во светот според Brand Finance 2022
Следна статијаИзборот на главен прелистувач во Windows 11 повторно е едноставен процес
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.