Со новиот Windows 11 дојде и една не толку нова практика на Microsoft за насочување на корисниците кон нивните производи. Во овој случај се работеше за отежнување на корисниците да користат друг прелистувач од Edge, правејќи го процесот на поставување на друг прелистувач како главен, наместо Edge, нешто потежок.

Доколку сакате да ставите друг прелистувач како главен на Windows 11, по отворањето на Settings > Apps > Default Apps и пребарувањето на тој прелистувач, мора да избирате посебно за секој протокол и вид на датотеки кои сакате да се отвораат со него.

Ова не значи дека не беше можно да се избере Google Chrome, на пример, со неколку кликови, како главен прелистувач, но сепак Microsoft доби доста критики за непотребното усложнување на процесот.

При крајот на минатата година од компанијата решија да ги послушаат корисниците и да го вратат процесот како што си беше во Windows 10, односно корисниците да можат да го изберат својот главен прелистувач со еден клик.

Сега оваа промена е дојдена до официјално пуштање, па е достапна како Preview надградба, нешто што Microsoft го прави неколку години, односно им пушта на корисниците кои не се дел од Insider програмата, можност да симнат нова верзија од системот нешто порано, најчесто неколку недели.

Со оваа верзија од Windows 11 е поставено копчето „Set default“ кога ќе отворите некој интернет прелистувач, па поставувањето како главен се прави само преку тоа копче. Под него остануваат посебните протоколи и датотеки, па доколку сакате прелистувачот да го користите само за одредени работи, останува можноста да се избере тоа посебно.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаMessenger воведува „кратенки“ за брзо извршување на одредени функции
Следна статијаGoogle Chrome официјално стигна до својата стота верзија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.