Фото: Shutterstock.com

Google Chrome, по достапност во тест верзиите, официјално ја достигна својата стота верзија. Chrome 100 им е достапен на сите корисници на Windows, Mac, Linux, iOS и Android и можат да ја инсталираат новата верзија, ако тоа веќе автоматски не е направено.

Со надградбата на Chrome на верзијата 100, истата верзија ја добиваат и другите прелистувачи кои се направени на основа на истиот Chromium код, односно тие кои го користат истиот систем на верзии, како што е Microsoft Edge.

Chrome 100 не донесува некои поголеми новини за оваа „јубилејна“ верзија, а со оглед на тоа колку често се пуштаат нови верзии, секои четири недели, оваа може слободно да се нарече уште една бројка.

Две помали новини се издвојуваат со пуштањето на Chrome 100, а тоа се тргањето на Lite Mode функцијата кај мобилната верзија, како и освежувањето на иконите на прелистувачот кои сега се направени во стилот на платформата каде што е достапен, односно изгледаат нешто поразлично на Windows во споредба со macOS и слично.

Стотата верзија од Chrome исто така донесува исправка на 28 безбедносни проблеми, кои не биле искористени од страна на хакери, што значи дека не се работи за проблеми од највисоко ниво.

ИЗВОРgHacks
ИЗВОР 2Android Central
Претходна статијаИзборот на главен прелистувач во Windows 11 повторно е едноставен процес
Следна статијаОдбележување на светскиот ден на свесноста за аутизмот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.