Microsoft сака да го користите нивниот интернет прелистувач Edge, па не е непознато за компаниите да користат различни тактики, покрај рекламирањето, за да ја постигнат саканата цел. Оваа недела можевме да прочитаме дека доколку ја посетите страната за симнување на Google Chrome преку Edge, големи се шансите да ви се прикаже лента со порака зошто треба да му дадете шанса на Edge и да не го симнете Chrome.

Во Windows 11 Microsoft го направи нешто покомплициран процесот на поставување на другите прелистувачи како главни, односно стандардни за оперативниот систем. Наместо тоа да може да се направи преку самиот прелистувач, како што може Edge или барем да може да се направи со еден клик преку Settings, Microsoft реши да корисниците треба да притиснат на неколку копчиња за да го постигнат истото.

Изборот на стандарден прелистувач на Windows 11 се прави со избирање на неколку видови на екстензии на датотеки за кои избраниот прелистувач корисникот сака да направи да се отвораат со него.

Иако ова не е во ред, сепак работата не е толку страшна како што повеќето ја прават, но сепак е јасно дека целта на Microsoft со оваа процедура е да корисниците кои не се разбираат доволно или тие кои не им се размислува многу, да им е полесно да останат да го користат Edge.

Во најновата „dev“ верзија од Windows 11, Microsoft го олеснува овој процес и го прави онака како што би требало да биде уште од самиот почеток. Изборот на посебните екстензии останува, но затоа на почетокот е додадено копче кое го прави конкретниот прелистувач стандарден за системот.

Со ова корисниците со еден клик ќе можат да го направат својот избор, па иако тој не е целосно едноставен како што би требало да биде, сега барем на е отежнат со потребата од притискање на повеќе копчиња.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаНовата серија гејмерски монитори HUAWEI MateView GT веќе e достапна на македонскиот пазар
Следна статијаSnapdragon 8cx Gen 3 е најновиот и доста подобрен чип на Qualcomm за PC компјутерите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.