Скопје, 07.01.2019. Логин Системи изработи нова веб верзија на калкулаторот за плати во кои се внесени новините од прогресивниот данок како и променетите коефициенти за придонеси од платата. Оваа апликација е бесплатна и е наменета за членовите на веб заедницата на Логин Системи.

Со калкулаторот може да се пресметува индивидуална плата или плата за повеќе вработени. Тој е прилагоден и за мобилните уреди и работи во две насоки: од бруто (цела) плата во нето (чиста) плата и од нето плата во бруто плата.

“Апликацијата за плати е дел од нашата понуда според принципот freemium – ја имаме оваа бесплатна верзија за веб и целосна верзија за Dynamics NAV / 365 Business Central која ја наплатуваме.” напиша Венко Глигоров, основач на Логин Системи. “Во своето безмалку 30 годишно постоење, редовно сме имале бесплатни производи и услуги како дел од нашата општествена одговорност или како дел од нашата видливост на пазарот.

Новина кај веб пресметката е тоа што е наменета само за членовите на веб заедницата на Логин Системи, а тоа значи дека претходно заинтересираните е потребно да се зачленат. Ова членување е бесплатно и покрај пресметката за плата има други погодности како што е активно учество на форумот за сметководство, менаџмент и стратегија и Dynamics NAV / 365 Business Central.

Веб калкулаторот се наоѓа на страницата www.loginsystems.biz/plati.

Важна напомена Во калкулаторот моментално се користат износи за највисока и најниска основица за пресметка на придонеси за 2018 година. Овие износи, 545.264 денари за највисока основица и 17.040 денари за најниската основица за придонеси, може да претрпат измени кон крајот на јануари оваа година кога се објавуваат износите што ќе важат за 2019та година.

ИЗВОРЛогин Системи
Претходна статијаGillette го претстави својот жилет со грејач на CES 2019
Следна статијаASUS ZenBook S13 е лаптоп со досега најмалите рамки околу екранот