Познатата компанија Gillette, поточно преку нивниот Gillette Labs тим, се присутни оваа година на CES 2019 саемот во Лас Вегас.

Тие на овој саем го презентираат нивниот најнов производ кој беше за првпат претставен минатата година. Се работи за жилет којшто се загрева и со тоа треба да овозможи уште подобро искуство при бричење.

Од мое искуство, а не е дека сум нешто посебен во тоа, бричењето секогаш е многу подобро кога жилетот е позагреан, а тоа го постигнувам со користење на потопла вода, која на би ја користел за лицето.

Што се однесува до останатите карактеристики, овој жилет е како и останатите, односно од најскапата серија на Gillette. Тоа значи дека ги има познатите 5 сечила, кои сега ќе бидат и топли без потреба од тоа да го прави водата.

Инаку, од Gillette истакнуваат дека загревањето на кожата со овој жилет е многу подобро од тоа кога истото се прави со загревање на жилетот со топла вода.

Јас лично би сакал да го пробам овој жилет, меѓутоа не е познато дали ќе се продава во нашата земја, но и која ќе биде цената, која е најавена за околу 160 долари. Според мене, премногу за додаток каков што е грејач.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаПрвиот смартфон со екран на превиткување официјално претставен на CES 2019
Следна статијаБесплатен веб калкулатор за пресметка на плата за 2019та од Логин Системи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.