Фото: 9to5Google

Google работи на нова функција во нивната Google Health Studies апликација која на корисниците може да им донесе повеќе информации за квалитетот на нивното спиење. Според информациите, оваа функција моментално им е достапна на вработените во компанијата, па не е познато дали и кога ќе им стане достапна на сите корисници.

Се верува дека сигурно би ја добиле корисниците на Pixel телефоните, а подоцна достапноста може да биде проширена на сите Android уреди.

До информацијата за новата функција доаѓаат од 9to5Google, кои го имаат разгледувано кодот на најновата верзија од апликацијата на Google.

Тие имаат откриено дека Android телефоните би можеле да го следат рчењето и кашлањето на корисниците за време на спиењето, како дел од функцијата за мерење на спиењето.

Со ова корисниците би можеле да добијат подобра претстава за квалитетот на спиењето, а овие две мерки се важни за откривање на проблеми при спиењето, но и повеќе.

Поради запазување на приватноста на корисниците, следењето на рчењето и кашлањето, кое мора да се прави преку микрофонот на уредот, ќе се прави само локално, односно звуците нема да се испраќаат на серверите на компанијата.

Доколку оваа функција им биде пуштена на сите корисници, се очекува дека истата ќе биде вградена во Google Fit апликацијата или во делот од часовникот кој е наменет за следење на спиењето.

Инаку, повеќе апликации вакво нешто нудат одамна, па корисниците кои би сакале да знаат дали рчат кога спијат, тоа можат да го направат.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаКакви промени се очекуваат кај оперативните системи на Apple кои ќе бидат претставени на WWDC 2022
Следна статијаМурал посветен на инспирацијата – подарок за Скопје од dm дрогерие маркт
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.