Фото: Apple

Apple ќе ја одржи својата позната WWDC конференција идниот понеделник, односно на 6 јуни, а доколку се земат неофицијални информации во предвид, истата ќе донесе доста интересни новини низ сите категории на производи од компанијата.

Најголемиот број на информации доаѓаат од познатиот Марк Гурман од Bloomberg кој најчесто е во право со тоа што го објавува, па може да го сметаме како сигурно.

Тој истакнува дека, иако нема да има некои поголеми промени кај корисничкиот интерфејс, iOS 16 ќе добие доста новини.

Две новини се можеби и едни од најмногу бараните и поодамна непроменети делови на iOS системот, а тоа се центарот за известувања и екранот кога телефонот е заклучен. Според Гурман, „заклучениот екран“ ќе добие поголеми подобрувања, меѓу кои и позадини кои ќе имаат функции како „виџети“. Не е до крај јасно што точно ова ќе биде, но наскоро ќе дознаеме.

Гурман исто така истакнува дека iOS 16 ќе има спремно можност за „always on display“, но тој ќе биде ексклузивен само за Pro моделите, ако воопшто биде пуштен оваа година кај iPhone 14 Pro серијата.

Какви точно промени може да се очекуваат кај центарот за известувања, нема информации, но се најавува дека треба да се очекуваат поголеми промени на овој дел кој сега може да се каже дека доста заостанува зад Android.

Гурман најавува нови можности за „мултитаскинг“ кај iPadOS 16, како на пример можност за прикажување на апликациите во „прозори“, наместо на целиот екран, а ова може да е најавуваниот „macOS mode“ кој ќе го направи корисничкото искуство на iPad повеќе слично со тоа на компјутерите.

Дополнително, се најавува промена кај Watch OS кој треба да донесе новини кај различните „лица“, како и нов начин на навигација.

Гурман исто така најавува редизајн кај Apple апликациите на macOS, а посебно го истакнува редизајнот на Settings апликацијата која треба да биде направена во стилот на iOS.

Има уште една недела до WWDC 2022, па ќе видите што се ново ќе претстави Apple, а се очекува и претставување на MacBook Air M2 со целосно нов дизајн и можност за избор на различни бои како кај iMac.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаОдборот на директори на една тутунска компанија е меѓу 25-те најиновативни, според магазинот Fortune
Следна статијаGoogle работи на систем за следење на рчењето и кашлањето при спиење
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.