Најновата верзија од Google Chrome доби една нова функција која е навистина корисна, посебно за корисниците кои често пребаруваат нешто преку Google. Со новата функција пребарувањето кое вклучува отворање на повеќе резултати ќе стане доста полесно и побрзо, а корисниците сигурно ќе го ценат ова.

Кога ќе се направи некое пребарување преку Google, па ќе се отвори некој линк од тие резултати, во лентата за адреси сега се појавува нова копче со логото од Google со чие притискање се отвора новата лента која е поставена вертикално на десната страна од прелистувачот.

Во оваа лента се прикажува направеното пребарување, па корисниците нема потреба да се вратат назад кај резултатите. Со притискање на друг линк, тој ќе се отвори во истиот прозор, а лентата ќе остане, што значи дека корисниците ќе можат брзо да се префрлат од еден на друг резултат.

Оваа нова функција веќе е достапна во Chrome 107, па можете да ја пробате.

Microsoft Edge веќе одамна има нешто слично, но за разлика од оваа новина кај Chrome, лентата во Edge овозможува повеќе можности и може да се спореди како посебен прозор во прелистувачот. Без разлика, за корисниците кои често пребаруваат повеќе работи преку Google, ова доста ќе го поедностави и забрза процесот.

ИЗВОРGoogle
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаTwitter ќе добие можност за објава на подолги текстови како дел од „твитовите“
Следна статијаApple побара исклучување на YouTube канал на кој има снимки од WWDC конференциите од изминатите 20 години
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.