Фото: Shutterstock.com

Apple поднесе барања за исклучување на YouTube канал на кого се достапни видеа од WWDC конференциите од компанијата во изминатите 20 години. Каналот веќе не е достапен, а која е целта на Apple со ова не е баш јасно.

Ваквите канали обично се популарни кај фановите на Apple, а се одлични за гледање на претставувањата на постарите производи. Можеби на Apple не им одговара што повеќето од презентациите во тоа време ги има правено Стив Џобс, но којзнае.

Сопственикот на каналот, Брендан Шенкс, информацијата ја објави преку Twitter и истакна дека тој ги чува сите видеа и планира да ги објави на Internet Archive.

Претходна статијаGoogle Chrome има нова лента за побрзо отворање на резултатите од пребарувањата
Следна статијаThe Commodordion е хармоника направена од два Commodore 64 компјутери и floppy дискети
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.