Интересен проект од шведскиот музичар и инженер, Линус Акесон, резултираше со еден од поинтересните музички инструменти кои ги имаме видено. Се работи за хармоника која е направена со два Commodore 64 компјутери споени со 5,25 инчни „floppy“ дискети.

Звукот којшто го создава оваа хармоника е 8-битен, односно потсетува на старите игри од тоа време и звучи навистина интересно, се разбира доколку свири некој којшто знае што прави, како што е случајот со Акесон.

Името на хармониката е The Commodordion и истата е Акесон ја има изработувано изминатите неколку години. Исто како и кај класичната хармоника, јачината на звукот доаѓа од тоа колку силно ќе се притисне на средниот дел, во овој случај составен од дискетите, додека мелодијата и ритамот доаѓаат од двата Commodore 64 компјутери.

Акесон детално го објаснува овој проект, односно како го има создадено, па можете да прочитате повеќе на овој линк, како и да го погледнете видеото и да слушнете како звучи The Commodordion на овој линк.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаApple побара исклучување на YouTube канал на кој има снимки од WWDC конференциите од изминатите 20 години
Следна статијаSamsung Electronics ја воведува функцијата „Matter“ и влегува во нова ера на интероперабилност
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.