Фото: Shutterstock.com

Елон Маск најави дека Twitter ќе добие можност за објава на подолг текст, а со тоа ќе се стави крај на објавата на слики од „notepad“, односно слика од подолг текст напишан на друго место.

Ова е нешто што наводно во компанијата веќе било развивано, па дел од отпуштените вработени одма излегоа да го „обвинат“ Маск за фалење со нешто на кое веќе било работено.

Тоа секако не е важно, а во објавата на Маск никаде не видовме дека тој посебно зема заслуга за воведувањето на новата можност.

Нема информации кога може да се очекува пуштањето на оваа нова функција, а претпоставуваме дека ќе биде во форма слична како една постара функција на Facebook со која корисниците можеа да објавуваат подолги објави во посебен дел од мрежата.

Покрај оваа новина, Маск најави план за воведување на подобри алатки преку кои креаторите ќе можат да заработат, а исто така најави и подобрување на функцијата за пребарување на мрежата, која во моменталната форма ја спореди со Infoseek во 1998 година.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаМаск најави суспендирање на корисниците кои имитираат други по промената на правилата за верификација на Twitter
Следна статијаGoogle Chrome има нова лента за побрзо отворање на резултатите од пребарувањата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.