google-calendar-android

Google активно работи на унапредување на својата Calendar апликација достапна за Android корисниците. Најголемата промена дојде пред неколку месеци кога апликацијата беше редизајнирана според новите правила на Material дизајнот.

Оваа недела Google Calendar ќе почне да биде надградуван на понова верзија која што вклучува неколку, како што тие истакнуваат, подобрувања на апликацијата. Главната промена доаѓа во форма на можноста да се прикачат фајлови на одреден настан, односно тие да бидат линкувани до Drive. Со тоа корисниците кои што го користат календарот од Google за работа или организирање на било какви други настани, немаат веќе потреба од праќање на посебен email доколку е потребно испраќање на одредени фајлови поврзани со настанот. Google Calendar дури врши и проверка дали сите луѓе кои што се дел од настанот имаат право да ги видат фајловите и за тоа ќе ве извести соодветно.

N6_weekview

Другите новини во апликацијата ги вклучуваат следните:

  • Нов седум дневен неделен преглед на настаните со можност за зумирање со прстите
  • Избор дали родендените од Google+ ќе бидат прикажани на календарот
  • Можност за прикажување на бројот на неделите
  • Импортирање на .ics фајлови

Апликацијата ќе биде надградена во деновите што следат, како што истакнуваат од Google, па сите активни корисници на оваа апликација ќе можат истата да ја надградат, доколку тоа не им е наместено да се прави автоматски.

Извор: Gmail Google+

Претходна статијаСудењето на деценијата: Silk Road дел – 1
Следна статијаЕдна студија вели дека можеби темната материја е одговорна за масовните изумирања на Земјата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.