karas-40133

Отсекогаш сте сакале да планинарите и да ја освоите Шар Планина но не знаете од каде да почнете? Се прашувате што има да се види интересно и каде точно се наоѓа? На помош ви доаѓа Exploring Shar Mountain, македонска апликација за истражување на оваа нашата прекрасна планина.

Опкружувањето е поделено на неколку јазичиња кои овозможуваат повеќе различни аспекти на функционирањето на апликацијата. Главното јазиче е со генерални информации за Шар Планина и зошто таа е навистина интересна дестинација за вашата желба да искачувате планини и да шетате низ природни терени. Апликацијата ви овозможува да ги видите веќе познатите рути низ планината и да видите какви занимливости има на нивната патека.

Постои и јазиче за конкретни места од интерес, како што се Попова Шапка, Титов Врв, Боговињско езеро, Лешница, тетовското Кале и слично. Последното јазиче е со информации за создавачите на апликацијата (EON Multimedia) и контакт информации.

unnamed

Кога ги прегледувате рутите постојат подетални информации за истите: опис каде се простираат, колку се долги, просечно време на нивно поминување, со што се карактеризираат и што можете да забележите на вашиот пат. На крајот од секој ваков информативен текст постои [Navigaion] копче кое ве носи до мапа на која самата рута е одбележана, а вие со тоа можете да следите дали сте се задржале на истата. Ова е навистина одлична опција вметната од изведувачите.

Апликацијата изгледа добро, има чист и врамнотежен дизајн кој (во оваа верзија) е наклонет кон плавата боја што дава убав и мек изглед. Таа работи брзо и нема многу проблеми при навигација низ различните содржини, само малку кочејќи кога треба да ви ја прикаже патеката на пешачење на мапата.

Оваа апликација ја остварува својата цел, а тоа е да ви ја претстави Шар Планина во својата убавина и да ве импресионира и мотивира да ја откриете оваа природна убавина, а воедно да ја заштитите од најразличните „урбанистички“ активности кои се планираат на и околу неа. Ако имате во план да планинарите или чисто да прошетате низ природни убавини, дефинитивно ви ја препорачуваме оваа корисна и убава апликација.

Извор: Google Play Store – Exploring Shar Mountain

Претходна статијаMicrosoft го претстави Windows Hello – Систем за биометриска автентикација во Windows 10
Следна статијаЕлектрични ретро моторцикли што стануваат тренд низ цела Европа