01_Motorman_double-1024x768

Со оглед на тоа што превозните средства се се’ повеќе и повеќе достапни, со тоа се зголемува и загадувањето на воздухот. Мопедите, поради начинот на кој функционираат, се едни од најголемите загадувачи на воздухот.

Роналд Мејс е човекот кој стои позади овој електричен мопед наречен „Motorman“. За разлика од останатите електрични мопеди на пазарот, „Motorman“ е целосно различен. Наместо футуристички дизајн со премногу додатоци (кои нормално може да се расипат и поправките се доста скапи), Мејс се одлучил за класичен ретро дизајн – дизајн кој е препознатлив и едноставен. „Motorman“ нема поддршка за „iPhone“, нема разноразни приклучоци и функции. Едноставно ве носи од точката А до точката Б. Толку.

Едноставниот дизајн значи дека секој може да го употребува, и иако е електричен, не е којзнае колку моќен (што допринесува за сигурноста). Максималната брзина му е 45 километри на час, дометот е околу 75 километри со едно полнење. Полнењето трае 6 часа, а моќноста на моторот е само 2 киловати.

Со оглед на тоа што тежи околу 45 килограми, што е половина од стандарден мопед, секој што знае да вози велосипед, ќе може да го вози „Motorman“ без никакви потешкотии. Тоа што е лесен дозволува да биде едноставен за маневриање, па градските метежи нема да ви бидат проблем.

Единствен проблем со „Motorman“ е цената, која моментално стои на 5.158 долари за основниот модел.

Извор: Wired

Претходна статијаExploring Shar Mountain – Македонска апликација за откривање на Шар Планина
Следна статијаНовиот BlackBerry Porsche чини 1650 евра