hiv-virus-cu

Најчесто кога ќе се спомне вирус се подразбира висока температура, пиење сокови и лежење со главоболка. Дополнително, кога ќе се спомне ретровирус секако првата асоцијација е ХИВ, една од најраширените светски епидемии за кои веќе имаме функционален лек, а на чекор сме до наоѓање вистински лек. Но негативните страни на (ретро)вирусите не се единствената перспектива кои тие можат да ни ја пружат.

Па така според една нова студија изработена од Јохан Јакобсон од Lund Универзитетот од Шведска и објавена во Cell Reports, некоја ретровирална ДНК била вметната и се интегрирала со нашата ДНК во делови од геномот кои го регулираат градењето на мозокот и неговото функционирање т.е. во гените кои ги градат мозочните клетки.  Се претпоставува дека околу 5% од нашата ДНК е „населена“ со ретровирална ДНК, но повеќето од оваа ДНК е интегрирана во деловите од геномот кои не кодираат белковини (протеини). Делот кој не кодира белковини претставува огромна пропорција од 98% од целосниот геном, и кој многу често се нарекува „непотребна ДНК“ (junk DNA).

Тимот  на Јакобсон откриле дека дел од ваквата ретровирална ДНК се интегрирала во региони одговорни за регулација на транскрипцијата на зачетните неврални клетки. Тоа се клетки слични на матичните клетки, но од нив може да се диференцира само некој тип на нервна клетка.

Тимот на Јакобсен претпоставува дека преку интеграцијата на туѓа ДНК во нашата може да се објасни разновидноста на нашите нервни клетки во мозокот како и неговата посебност во однос на другите животни. Некои делови од ретровиралната ДНК учествуваат во регулаторната функција во нервните клетки, овозможувајќи им да се претворат во такви какви што ги знаеме.

Инаку ретровирусите се посебен тип на вируси кои успеваат дел од својот генетски код да го вградат во клетките на својот домаќин и со тоа самата домаќинска клетка да продолжи да прави копии од вирусот. Најпознатиот пример за ретровирус е секако ХИВ кој навлегува во имунитетните клетки, им ја вградува својата ДНК и со тоа ги препрограмира истите да прават огромен број на копии од вирусот преку стандардната нивна машинерија за транскрипција на сопствената ДНК.

Овие копии од вирусот продолжуваат до другите имунитетни клетки и на крајот го уништуваaт имунитетот на организмот, тој заболува од некоја друга болест и умира. Се претпоставува дека токму на овој начин некои ретровируси пред огромно време успеале да се вметнат во нашата ДНК и практично да си обезбедат генетска бесмртност, а понекогаш нивниот генетски код почнал да извршува некаква улога во нашите клетки.

Извор: IFScience, Lund University

 

Претходна статијаXiaomi го претстави најновиот Mi Note како директна конкуренција на iPhone 6 Plus
Следна статијаMicrosoft ќе врши пренос во живо од Windows 10 настанот во среда