Научи како да изработуваш содржини за веб и социјални медиуми со кои ќе ја привлечеш публиката, да визуелизираш податоци со инфографикони, да снимаш видеа со мобилен телефон, но и да препознаваш визуелни манипулации што се создадени со вештачка интелегенција. Усоврши се за ерата на дигитални информации преку Мастер часовите за медиуми и новинарство, што ги организираат Институтот за комуникациски студии и ИРЕКС, во рамките на Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“.

Мастер часовите се наменети за млади луѓе од 19 до 34 години, вклучувајќи студенти, млади новинари и оние кои сакаат да се надградат со дигитални медиумски вештини. Тие претставуваат комбинација од предавања, дискусии, вежби и практична работа. Ќе бидат реализирани во текот на февруари и март во три дена, по што учесниците под менторство на искусни новинари треба да изработат медиумски производи во тимови.

За учесниците кои ќе покажат особен интерес и проактивност, после обуката ќе биде овозможена платена едномесечна пракса во медиум.

Пријави се најдоцна до 4 февруари (недела) 2024 година, на ОВОЈ ЛИНК.

На мастер часовите ќе научиш:

  • Како да ја зграпчиш публиката;
  • Да пишуваш на веб со СЕО оптимизација;
  • Да промовираш веб-содржина на социјалните медиуми;
  • Да визуелизираш податоци со бесплатни алатки;
  • Да проверуваш веродостојност на визуелни информации и препознаваш манипулации со вештачка интелегенција;
  • Да ги применуваш основните техники за снимање видео и фотографирање;
  • Да раскажуваш преку видео и подготвуваш видео содржини за социјални медиуми;
  • Да користиш слободни апликации за монтажа преку мобилен телефон.

Програмата е бесплатна, а за учесниците надвор од Скопје организаторот ќе ги покрие трошоците за сместување и превоз. По завршувањето на мастер часовите, учесниците се стекнуваат со сертификат.

Лице за контакт: м-р Дејан Андонов, програмски координатор, Институт за комуникациски студии – dandonov@iks.edu.mk; 071 317 661

Претходна статијаWi-Fi HaLow успешно функционира на оддалеченост од три километри
Следна статијаВграден првиот чип од Neuralink во мозокот на човек