Wi-Fi HaLow, стандард кој беше претставен пред осум години, наменет за уредите кои имаат помала потрошувачка на енергија, покажува знаци на практична употреба. Овој стандард се развива независно од Wi-Fi 6 и Wi-Fi 7, а има и различна намена, што значи дека целите не се мешаат едни со други. 

Напредокот во развојот на стандардот доаѓа од страна на компанијата Morse Micro кои овој месец презентираа успешно функционирање на врската на оддалеченост од три километри. 

Една од клучните разлики, а може да се каже и недостаток на HaLow стандардот е помалата брзина во споредба со другите Wi-Fi стандардни, но затоа тој има многу поголема стабилност, што е и целта на неговиот развој. 

Од Morse Micro презентираа остварување на видео повик кој останал функционален и со добар квалитет до три километри, по што полека останало можно да се комуницира само преку звук. Ова било постигнато во околина со згради и повеќе автомобили, со што може да се каже дека тестот е меродавен. 

Wi-Fi HaLow, кој ја носи ознаката 802.11ah, функционира на фреквенција од 900 MHz, за разлика од 2,4 и 5 GHz кај другите стандарди и може да постигне брзина од околу 30 Mbps. Ова можеби не делува како малку, но сепак другите стандарди овозможуваат многу поголеми брзини. 

Причината поради која ниту еден од недостатоците на стандардот не е проблем е намената, односно користењето за паметните уреди, а посебно предност има фреквенцијата која овозможува продирање низ ѕидовите од зградите без проблем. 

ИЗВОРhttps://www.techspot.com/news/101718-halow-wi-fi-standard-achieves-18-mile-range.html
Претходна статијаNothing го најави претставувањето на нивниот трет телефон Nothing Phone (2a)
Следна статијаПовик за Мастер часови за медиуми и новинарство во дигиталното доба
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.