Shutterstock.com

Во Обединетото Кралство, за првпат започна тестирањето на нова вакцина која треба да овозможи лечење на луѓето со неколку видови на канцер. Првиот пациент е 81 годишен човек кој побарал да остане анонимен, а има канцер на кожата кој досега бил лекуван со неколку методи.

Новата вакцина ја користи веќе познатата технологија која се користеше за време на „корона“ кризата и која непотребно доби доста негативен углед. Сепак, mRNA технологијата уште тогаш се најави дека во иднина ќе биде доста револуционерна и ќе се користи за лечење на една од најсериозните причини за смрт во светот.

Оваа mRNA вакцина, која сепак не функционира класично и која се дава како лек откако е дијагностициран пациентот, функционира преку означување на специфичните протеин маркери на канцерогените клетки за имуниот систем да може сам да ги нападне, а без оваа ознака тие би останале незабележани.

Овој начин на лечење на канцерот треба да биде многу поуспешен, но и без несаканите нус појави на останатите методи кои се користат.

Оваа вакцина која сега се тестира е означена како mRNA-4359 и е една од два типа на вакцини кои се развиваат. Оваа влегува во категоријата на имуно терапии кои се користат, а втората вакцина би била конкретно развивана за секој пациент користејќи го генетскиот материјал од канцерот.

Таа за која научниците се „повеќе возбудени“ е првата, односно таа која не се дава специјално за секој пациенти, туку само за конкретните видови на канцер.

За во иднина надежите се дека ваквите вакцини ќе можат да претставуваат сигурен лек за повеќето видови на канцер, а исто така тие би го спречувале враќањето кое е често кај тие кои се имаат „излечено“.

Со оглед на тоа дека се работи за почетна фаза на тестирањето, се очекува да поминат неколку години додека вакцините им станат достапни на пациентите во светот.

Тестирањето се прави од страна на научници од Imperial College Healthcare Trust, како и во соработка со Moderna, компанија која заедно со Pfizer ги нудеше своите COVID вакцини во светот.

На развој на ваква вакцина работат и од BioNTech, германската компанија која стои зад технологијата која ја користат од Pfizer.

ИЗВОРTelelgraph
ИЗВОР 2Imperial College
Претходна статијаКако да проверите дали сте дел од 1% од корисниците за кои е вклучена новата „Tracking Protection“ функција во Google Chrome
Следна статијаQualcomm го најави доаѓањето на компјутери со нивниот Snapdragon X Elite со наредната верзија од Windows
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.