Фото: Qualcomm

За време на презентацијата на финансиските резултати, директорот на Qualcomm го најави доаѓањето на компјутерите кои ќе работат на нивниот најнов Snapdragon X Elite чип. Овој чип треба конечно да донесе конкуренција на делот од пазарот каде MacBook изминатите неколку години го привлекува главното внимание, а во главно поради M чиповите од компанијата кои нудат одлични перформанси, со доста ниска потрошувачка.

Од Qualcomm веќе тврдат дека нивниот чип е дури побрз од M3 на Apple, па сигурен сум дека корисниците на Windows оваа година можат да очекуваат одлични уреди како избор.

Најавата на компјутерите од страна на директорот на компанијата доаѓа како еден вид на потврда на досегашните информации и очекувања, а последната говореше за тоа дека Qualcomm веќе ја тестира наредната верзија од Windows со нивниот Snapdragon X Elite чип.

Токму овој термин бил употребен во најавата на компјутерите од страна на директорот Кристијано Амон, кој не споменува верзија од Windows со бројка, со што продолжуваат гласините за тоа како ќе биде наречена оваа наредна верзија.

„Го следиме лансирањето на производите со овој чипсет поврзан со следната верзија на Microsoft Windows која има многу способности на Windows AI. Сè уште го одржуваме истиот датум, кој зависи од Windows, кој е средината на 2024 година, се подготвуваме за враќање во училиште“, рече тој.

Во изјавата гледаме барем потврда за нешто што јасно беше дека не е само гласина, а тоа е дополнителна интеграција на генеративната вештачка интелигенција во Windows.

Досега повеќе пати можевме да прочитаме дека Microsoft се враќа на тригодишниот циклус на претставување на нова верзија од Windows, од каде и очекувањата дека оваа година ќе биде време за Windows 12.

Без разлика како ќе биде наречена оваа верзија, едно е сигурно, таа ќе донесе доста голем број на новини.

Претставувањето на следната верзија од Windows се очекува да биде претставена ова лето, додека повеќето корисници ќе ја добијат во есен. Компјутерите кои ќе работат на Snadragon X Elite треба да бидат достапни од летото, а тие ќе дојдат и со посебна надградба на основата на Windows, покрај другите нови функции.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2PCMag
Претходна статијаЗапочна тестирањето на првата вакцина против канцер направена со mRNA технологијата
Следна статијаGoogle сепак работи на YouTube апликација за Apple Vision Pro
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.