Neuralink, една од компаниите на Елон Маск, успешно го има направено првото вградување на нивниот чип во мозокот на човек. Информацијата за истото ја објави Маск преку неговата X, а во објавата тој кратко информира дека првиот човек го има добиено имплантот од Neuralink и дека тој добро се опоравува.

Според Маск, првичните резултати покажуваат ветувачко детектирање на зголемена активност на невроните.

Neuralink започна со барање на пациенти за нивните клинички тестирања на технологија од минатата година кога и добија официјална дозвола за истото од FDA.

Компанијата стана позната во 2019 година кога беше презентирана технологијата која е замислена да овозможи поврзување на човековиот мозок со компјутер. Ова не е единствената компанија која работи на ваква технологија, но секако дека секоја компанија на Маск ќе привлече големо внимание.

Разликата е што Neuralink работи на различен пристап од тоа што е достапно, а разликата е во начинот на којшто се поврзува чипот со мозокот. Neuralink се поврзува со мозокот со тенки, таканаречени конци кои се една четвртина од дебелината на влакно од косата.

Фактот што се користат овие „конци“ значи дека поврзувањето е флексибилно доволно за да може да ги поднесе сите движења во главата, без разлика колку се тие мали, тргајќи го на страна или барем намалувајќи го ризикот од оштетување на мозокот.

Успешното функционирање на ваквата технологија претставува голем потенцијал за овозможување на понормално функционирање на луѓето кои имаат проблеми поврзани со мозокот и рбетот.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаПовик за Мастер часови за медиуми и новинарство во дигиталното доба
Следна статијаТим Кук потврди дека оваа година нивните производи ќе добијат генеративна вештачка интелигенција
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.