s-1

Xiaomi е компанија која што нагло стана едена од најголемите производители на мобилни телефони, поточно тие се трети во светот, а први во Кина. Најпознати се по претставувањето на телефони кои што имаат одлични перформанси соодветно со класата во која што припаѓаат, меѓутоа со пониски цени од конкурентите, а посебно Apple и Samsung.

Xiaomi телефоните исто така се познати и по нивниот MIUI, изменета верзија од Android оперативниот систем со кориснички интерфејс често споредуван со iOS. Од компанијата до некаде и не негираат дека овој оперативен систем бил инспирација при развојот на корисничкиот интерфејс, меѓутоа сепак не се работи за директна „кинеска копија“.

Денеска Xiaomi го претстави Mi Note, телефон од највисоката класа директно претставен како конкуренција на iPhone 6 Plus. Сепак, не се работи за телефон копија на iPhone, ниту па инспириран од него. Mi Note е направен да покаже дека Xiaomi може да направи подобар телефон од моментално еден од најпопуларните телефони на пазарот.

Xiaomi Mi Note е 5,7 инчен фаблет телефон со екран со Full HD резолуција направен од Sharp. Неговата дебелина и тежина се две карактеристики кои што беа посебно истакнати на неговата презентација, а споредени со iPhone 6 Plus. Mi Note е тенок телефон со дебелина од 6,95 милиметри, а тежи 161 грам.

Интересно кај дизајнот на Mi Note е тоа што тој доаѓа со стакло од двете страни кое што е подвиткано на ќошевите. Од Xiaomi стаклата ги нарекуваат 2,5D подвиткан на предната страна и 3D подвиткан на задната страна. Екранот исто така е направен во стилот со мал простор до рамката, што изгледа навистина добро кај другите модели кои што се направени така. Рамката на телефонот е метална, што се користи во последно време во сите поскапи модели.

minote3.0

Од остатокот од карактеристиките Mi Note доаѓа со Qualcomm Snapdragon 801 четири јадрен процесор кој работи на 2,5 GHz, Adreno 330 графички процесор и 3GB RAM меморија. Sony камера со 13 мегапиксели на задната страна и 4 мегапиксели на предната. Телефонот исто така доаѓа и со hi-fi систем со поддршка за 24-bit/192KHz lossless playback.

Батеријата на уредот е со капацитет од 3.000 mAh и е произведена од LG. Телефоните од оваа компанија се карактеризираат со одлично траење на батеријата, па ќе видиме дали тоа ќе биде и случајот со Mi Note.

overall-4g-bg

Mi Note ќе доаѓа и во додатна Pro верзија која што треба да биде достапна нешто покасно, односно во Март. Mi Note Pro ќе доаѓа со екран со поголема резолуција, односно со резолуција од 2560 x 1440 пиксели. Ќе доаѓа и со појакиот Snapgradon 810 64-битен чипсет, а ќе работи со осум јадрен процесор, Adreno 430 графичкиот процесор, како и 4GB RAM меморија.

Mi Note ќе доаѓа во верзии со 16GB и 64GB меморија за складирање и ќе се продава по цена од 370 и 450 долари. Mi Note Pro ќе доаѓа со 64GB меморија и цена од 530 долари.

Извор: Xiaomi, Engadget, The Verge

Претходна статијаИновативен ретро-футуро дизајн на Macintosh од Германија
Следна статијаНекои од ретровирусите веројатно играат значајна и корисна улога во функционирањето на мозокот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.