729665main_A-BlackHoleArt-pia16695_full

Класичната теорија за црните дупки како космолошки феномени е јасна и веројатно сите ја знаеме – се работи за одреден сингуларитет на маса кој е толку голем што влече сè што се онесреќило да навлезе во нејзиниот хоризонт на случувања.

Гравитационата привлечност на црните дупки е толку голема што ниту најбрзото и енергичното нешто во вселената – светлината – не може да избега. Теоријата за црни дупки е дадена од брилијантниот научник Стивен Хокинг уште пред неколку декади, но тој во последно време ја измени за да се решат неколку проблеми кои настануваат од простиот прв концепт.

Каде оди сета таа материја?!

shutterstock_285214907

Имено, се поставува логичното прашање од насловот: каде оди сета материја која влегува во „дупката“? Со оглед на тоа дека ако ја следиме теоријата просто би требало материјата која е внатре да се натиснува до толкави граници што на крајот ќе стане бесконечно мала – и следствено непостоечка!

Ова директно се коси со правилата на квантната механика која укажува дека материјата т.е. „информацијата“ (во К.М. јазик) не може да ја „снема“ – мора да заврши некаде со постоење, во ваква или онаква форма. Не само тоа, туку не е можно информацијата да не биде достапна за интеракција ако влегла во црна дупка, нешто што би било така ако апсолутно се следи теоријата на релативитет на Ајнштајн (што е основа на спорот меѓу овие две теории). Така настанува познатиот Информационен парадокс на црната дупка.

Според досегашните експерименти и квантната механика е точна и теоријата на релативитет е точна – а сепак не се трпат. Кое е решението на овој проблем кога се работи за информацијата во црните дупки?

Информацијата истекува преку зрачење

Стивен Хокинг се обиде да го реши овој проблем со предложување на надополнување на неговата теорија за црни дупки. Според него, информацијата која влегува во црната дупка полека „истекува“ надвор од неа преку т.н. Хокингова радијација.

Се работи за материја која се наоѓа во надворешните слоеви на црната дупка и полека биваат испалени надвор од неа во вид на радијација, а со себе носат дел од енергијата и материјата на самата дупка. Со текот на времето ова ја намалува внатрешната материја на црната дупка и со тоа и нејзината маса, процес кој ако продолжи може да го уништи постоењето на дупката.

Хокинг изгледа е во право

Постојат стотици теории за решавање на овој проблем, но една нова симулација изработена од Камил Брадлер и Крис Адами од Универзитетот од Отава и Државниот универзитет од Мичиген укажува на тоа дека веројатно Хокинг е во право.

Моделот кој тие го поставиле го набљудува квантниот ефект кој ја произведува Хокинговата радијација и во симулациите се случувало токму тоа што Хокинг го предложи – Хокинговата радијација вади информација и енергија надвор од црната дупка.

Секако, ова е само модел и не значи дека е 100% точен. Впрочем огромен број теории низ историјата биле менувани и приспособувани, а дел и целосно поништени, во очиглед на нови наоди. Ваквиот наод не го наоѓа решението на спојот од теоријата на релативитет и квантната механика, но укажува дека такво решение е можно и дека треба да го најдеме.

Тоа се секако позитивни вести.

Дополнителни информации: IFLScience, Matt Strassler – Of Particular Significance

Претходна статијаGoogle претстави Art Camera со резолуција од 1 гигапиксел
Следна статијаGoogle ги претстави Instant Apps кои ќе работат на Android без потреба од инсталирање