Leagoo
Leagoo

Понекогаш дури и „крадењето“ на нечија идеја бара извесно ниво на креативност. Особено доколку сакате да материјализирате врз основа на претходно докажано успешен модел. Ако некој ја заслужува титулата „шампион“ тоа дефинитивно е компанијата Leagoo.

Кинеската компанија, позната по производство на геџети, го претстави својот најнов производ на MWC саемот во Барселона. Очекувано уредот привлече големо внимание, а како и не би кога истиот е именуван S9. Работите да бидат уште поинтересни, па и „смешни“, истиот изгледа речиси идентично како популарниот iPhoneX.

Уредот кој се продава (или ќе се продава) по цена од само 150 американски долари, зачудувачки нуди солидно ниво на опременост. Ако им се верува на спецификациите, практично навистина добар уред, дури и предобар за цената која ја има.

Екранот е со дијагонален распон од 5,85 инчи и HD+ резолуција. Го придвижува 8-јадрен процесор од непознат производител кој нуди 4GB RAM меморија, како и 32GB интерен капацитет. Камерата, односно камерите сместени на задниот дел се со по 13 мегапиксели. Што се однесува до предната камера истата има функција за препознавање на лицето, кое може да се користи за отклучување на уредот. Батеријата има капацитет од 3.300 милиампер часови, што во пракса значи околу 10 часа функционалност.

Спецификациите се повеќе од солидни, но мали се шансите купувачите да бидат убедени да го купат производот на Leagoo. Ако се земе в превид дека името и дизајнот се „лажни“, што ли останува за она што не може да го видиме на прв поглед. Тоа не важи во случај да сакате да имате телефон кој е технолошки приказ на децата на Ким Кардашијан и Канје Вест.

ИЗВОР 2The Next Web
Претходна статијаКалифорнија дозволи тестирање автономни возила без директна човечка асистенција
Следна статијаКако Петер Тиел го сруши Gawker